Модната недела во Њујорк, која започна пред пет дена, а завршува денеска, донесе и ревија на шпанската дизајнерка Елена Велез.
Дали е доволно „бизарно“ збор за она што ќе го видите? Од тој моден настан, кој целосно го менува значењето на зборот „шоу“, излегоа видеа на кои се гледа како манекенките се валкаат во кал. И тоа е само дел од она што креаторката го означи како „прослава и егзорцизам на современото влијание на женственоста“. „Што гледам?“, „Безмислено, се валкам во кал“, „Ова е болно за гледање“, коментираат на Инстаграм, каде е објавена снимката.
Елена Велез сакала да претстави метафора за хаотичното, неуредно искуство на женственоста со своето шоу на модната недела во Њујорк, барем тоа ѝ била намерата. Својата идеја ја претставила во спарно складиште во Бруклин. Манекенките кои ги носеа нејзините креации, кои таа ги нарекува анти-хероини, се фрлија во калта што ја замени стандардната писта, додека во позадина се слушаа врисоци.
Што требаше да значи ревијата на модната недела во Њујорк, Елена не сакала да открие до крај, препуштајќи ѝ на публиката и оние кои сакале да ги зграпчат манекенките и да ги извлечат од калта.
Калта и тињата во кои биле заробени жените, што може да биде една од пораките на ревијата, ги засени модните креации, но сепак – под нечистотијата и хаосот можеа да се забележат модели од памук, латекс, во боја на слонова коска. .
„Го изгубивме допирот со нашата дарба и одговорност да насликаме вистинска и убава слика за нашето време. Ми се чини дека дезинфекцијата и едностраноста на женственоста во денешната популарна култура не остава простор за нијансите и различностите што ги заслужуваме како архитекти на нашата внатрешни животи“, рече дизајнерката.
Некои на Инстаграм ја нарекуваат гениј, но други велат: „Кога идеите и креативноста ги снемува, срам е за моите очи да го видат ова“.