Пред почетокот на кошаркарското дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан, беше забележана немила сцена во Пионир, каде што за малку не се случи жестока тепачка меѓу навивачите.
Во еден момент еден од навивачите заврши со крвава глава, а потоа беше јасно дека тепачката е во ВИП-делот покрај теренот, а камерите го снимиле познатиот телевизиски водител и актер Милан Калиниќ и еден непознат навивач.
Навивачот по караницата го обвини Калиниќ дека тој прв го удрил, а ситуацијата мораше да ја смири поранешниот министер за одбрана Драган Шутановац.
Наводно тепачката била поради местото за седење.
Видеото од тепачката може да го погледнете ТУКА.
(Фото: Старспорт)