Откако електорите од Калифорнија синоќа ги дадоа нивните 55 гласа за поранешниот потпретседател, Џо Бајден, тогаш тој и официјално беше прогласен за победник на изборите.
Бајден собра 270 гласови потребни за победа.
Имено, беа дадени 534 од вкупно 538 гласови на електорите, а Бајден има мнозинство од 302.
Според Си-Ен-Ен, Бајден зел гласови од 25 сојузни држави заедно со Градот Вашингтон, а веќе поранешниот претседател Доналд Трамп зел гласови исто така од 25 сојузни држави.
На демократскиот претседател му помогнаа избирачите од Калифорнија за да го надмине прагот од 270 гласа.
Веднаш по завршувањето на гласањето, откако и последната држава, Хаваи, ги даде своите четири гласа на Бајден, кој вкупно доби 306 (без ниту еден електор да премине на страната на Трамп), новизбраниот претседател се обрати до јавноста.
Тој порача дека дојде време „да се сврти страницата” и ги пофали официјалните лица кои вредно работеа изборите да се оддржат и да се запазат сите процедури.
-Тие беа чесни, беа слободни и фер. Тие го видоа тоа со своите очи. И нема да бидат застрашени и натерани да кажат нешто друго, рече тој.
-Ако некој тоа го знаеше и претходно, ние го знаеме и сега. Тоа што длабоко во срцата на американскиот народ е демократија. Правото да се биде слушнат, гласот да биде вклучен. Да се изберат лидери на оваа нација, да се управува самостојно, изјави Бајден во своето обраќање.
Инаку, конгресот ќе го потврди гласањето на колеџот на електори на 6 јануари, а две недели подоцна, на инаугурацијата, Бајден ќе даде заклетва како 46-ти претседател на САД.