Фронтменот на “Суперхикс“, Петар Младеновски пред неколку дена беше гостин во „Бекстејџ“ каде зборуваше за новата песна ,„Ана“. Освен што откри детали поврзани со синглот и видеото, Пеце прозборе и за болката после смртта на неговиот брат кој го изгубил пред околу 12 години.
“Времето не лечи ништо, тоа е лага. Во една прилика изјавив дека музиката ми помага полесно да ја надминам тагата, и навистина е така. Брат ми почина од канцер, од тогаш сум бил дел од многу акции поврзани со кревање на свеста за оваа болест, бев дел и од кампањата на „Борка“. Таков е животот, мораш да научиш да живееш со загубите“, рече Пеце.
Инаку, Петар Младеновски е во брак со актерката Ели Клинчаревска Младеновски и ги имаат децата Никола и Маша.