Вредниот мебел изработен пред 70 години од врвниот резбар Нестор Алексиев-Мирчевски кој е оставен да скапува во поранешното Матично во дворот на Општина Центар, ќе биде пренесен во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.
По денешниот текст на САКАМДАКАЖАМ.МК, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов разговарал со градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и архепискипот на МПЦ-ОА Г. Г. Стефан и било договорено во просторија во рамките на Соборниот храм да се направи сала за венчавки и таму да се пренесе мебелот.
Шилегов најави дека откако резбаниот мебел ќе се репарира, ќе му се даде на Соборниот храм, каде што во иднина ќе може да се склучи и граѓански брак. Бараката на поранешното „Матично“, каде судбоносното „ДА“ го кажале генерации скопјани, се реновира и се трансформира во едукативно-креативен младински дом на извидниците.
„Денеска имав телефонски разговор со градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, и архепискипот на МПЦ ОА г.г. Стефан. Се усогласивме да напуштениот резбан мебел во поранешното Матично, откако ќе биде репариран, биде даде на МПЦ ОА, која ќе го постави во просторија во рамките на Соборниот храм св. Климент Охридски во Скопје, која што ќе послужи како просторија во која ќе може да се склучи граѓански брак.