Во кралскиот дворец Версај, 650 гости беа на балот од соништата. Времето беше вратено скоро 200 години наназад, а за тоа требаше да се плати по 500 евра за влезница.
Зелени туники со елеци, темно зелени панталони и розови фустани за пертнерката, перики, костими, шминки и обувки, се беше од крајот на 18 век.
Туристите и домашните гости сами се обезбедувале облека, почитувајќи ги строгите дворски правила.
Тема на балот била “ Мариа Антоанета и мода“.
Славната кралица била една од најконтаверзните историски личности во Франција. Таа во 1793 години била погубена поради издаја.