По силниот и разорен земјострес што погоди градот Драч во Албанија, се уште се тресе тлото во земјата.
Во 7.10 часот е регистриран нов земјотрес со силина од 6.3 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил во Драч.
Во првиот земјотрес во 03:54 часот утринава со јачина од 6,4 степени, досега според пишувањата на албанските медиуми има четири жртви. Едно лице загинало во градот Курбин откако скокнало низ прозор на зграда, соопштува тамошното министерство за одбрана. Во Дуреш паднала цела петкатница.