Судењето на Новак Ѓоковиќ пред Сојузниот суд на Австралија, ќе се одржи вечерва од 23:30 часот по средно-европско време. Ова е решено по прелиминарното сослушување пред судијата Џон О’Калахан.
Официјалната одлука, дали Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Австралија опен, или ќе биде депортиран ќе биде донесена во ноќта помеѓу сабота и недела.
Прелиминарното судење беше процедурално и се однесуваше на поднесувањето на документацијата. Најважната одлука се однесуваше на тоа дали конечната одлука во случајот ќе ја донесе еден судија или совет составен од три судии.
Одбраната на Ѓоковиќ бараше тричлено судење, додека бранителот на Австралија се противеше на тоа и преферираше судењето да го врши еден судија.
Неколку часови по рочиштетот стигна информација дека е прифатено барањето на одбраната на Ѓоковиќ и судскиот процес ќе го водат тројца судии. Во тој случај министерот Алекс Хоук не би можел повторно да се жали на одлуката
Новак Ѓоковиќ, го доби првиот спор со Валдата на Австралија, во врска со укинувањето на визата. Четири дена подоцна, министерот за имиграција, го искористи дискреционото право и повторно му ја поништи визата.
Новиот процес е префрлен од судот на Викторија, во Сојузниот суд.
Пред прелиминарното сослушување, Ѓоковиќ имаше разговор и во министерството за имиграција.