Фудбалерот на Барселона, Жерард Пике мораше да одговара на незгодни прашања откако гостуваше во едно од најпопуларните шоу-програми на Пиринеите – „ El Resistentia“.
На прашањето на новинарот – „Колку пати имаше секс минатиот месец“?, Пике одговори:
„Да ги бројам и тие од „Бернабеу“?“, алудирајќи на неколкуте победи на Барселона над Реал во Мадрид.
Исто така Пике беше ироничен кога беше запрашан колку пари има во банка.
„Повеќе имам од буџетот на Еспањол годинава“…
Инаку шоуто “El Resistentia“ постигна рекордна гледаност.