Општина Чаир синоќа со разглас од автомобил ги повикуваше жителите на населбата да останат дома. Ваквите апели доаѓаат откако многумина не ја сфатија сериозноста од вирусот и се шетаат по улиците.
,,Состојбата со Корона Вирусот не тангира сите нас. Затоа, ние како Општина Чаир, вклучувајки се на платформата ,,се грижиме” ви се обраќаме со совети бидејќи сега е моментот кога треба да покажеме граѓанска солидарност.
Сите, со голема грижа и одговорност, да придонесеме за побрзо надминување на состојбата.
Останете дома, не излегувајте без потреба, нема место за паника, но за грижа Да.
Одржувајте ја хигиената на високо ниво и следете ги инструкциите на надлежните органи. Заедно можеме да го надминеме и ова!“-се вели во писменото соопштение од општината.