Taжна вест пренесуваат хрватските медиуми од утрово. На само 34 години починал Иван Челиковиќ кој е поранешен играч на Шкендија.
Причината за смртта засега не е позната и медиумите пренесуваат дека се случила ненадејно. Челиковиќ долги г одини беше во хрватскиот фудбал, додека член на Шкендија беше во сезоната 2017/2018.
Левиот бек ги помина јуниорите на Хајдук, а потоа настапуваше за Солин, Интер Запрешиќ, Шкендија и повторно Интер Запрешиќ, па Локомотива.
Последните денови ги помина како играч на Конављанин работејќи и во академијата на овој тим.