Актерот Горан Богдан (40) на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира во розев фустан со подигнат среден прст.
Со оваа објава на социјалните мрежи, Богдан испрати порака и им даде поддршка на жените кои биле силувани, меѓу кои и неговите колешки Даниела Штајнфелд и Милена Радуловиќ
– Не побарав… што не е јасно – напиша актерот во објавата и додаде хаштагови како #nedamtesestro #dostajebilo #nopasaran.
Сето ова се случува откако актерката Даниела Штајнфелд откри дека кога имала 21 година ја силувал популарниот глумец Бранислав Лечиќ, а неколку месеци претходно и актерката Милена Радуловиќ го обвини својот професор Мика Алексиќ дека ја силувал во неговата школа за глума.