Ако мислевте дека Ким Кардашијан е кралица на бизарните модни изданија и провокативната облека, тогаш едноставно досега не сте ја виделе манекенката Џој Кориган.
Оваа згодна русокоса поради нејзините комбинации, кои се многу провокативни, е честа мета на папараците.
Таа неодамна беше фатена на улиците на Лос Анџелес. Џој отиде на отворањето на дизајнерски бутик во Беверли Хилс во прилично смело, разголено издание.
Атрактивната 28-годишна девојка се прошета во провокативен, плетен црн фустан со сребрени, впечатливи копчиња, но дизајнот на фустанот сите ги остави подзинати.
Џој сè комплетираше со црни, кожени влечки со платформи на дебела висока потпетица и кожна чанта со сребрен синџир. И иако оваа комбинација без сомнение го привлекува вниманието, дефинитивно покажува премногу.