Кога би го слушнале името Линда Сузан Бореман, веројатно не би знаеле за кого станува збор, но името Линда Лавлејс на повеќето луѓе им е познато.
Линда се прослави со улогата во филмот „Длабоко грло“, снимен во 1972 година. Овој филм важи за легендарно остварување во индустријата за филмови за возрасни, кој во тоа време ги поместил сите дотогаш поставени граници во таа област.
По оваа улога Линда стекнала планетарна популарност, сите зборувале за нејзините вештини за задоволување, а постерите од нејзиниот лик биле закачени во сите машки соби, барови, работилници и камиони.
Сепак, иако сите мислеле дека Линда има сè, вистината била поинаква. Пораснала во строго католичко семејство, а како што открила во една пригода, мајка ѝ често ја злоупотребувала.
Мислела дека со бракот ќе се спаси од лошата ситуација дома, па на само 19 години се венчала со Чак Трејнер, но ја немала таа среќа. Дури и станал насилен, а неговото изживување одело до таа мера што морала да бара од него дозвола за да оди во тоалет.
„Ме третираше како пластична кукла. Ме продаваше на други мажи за пари. Се чувствував како ѓубре. Се согласував да снимам секс-сцени само за да не ме убие. Му се закануваше на моето семејство, се плашев и за нивните животи“, напишала Линда во своите мемоари, додавајќи дека филмот „Длабоко грло“ заработил повеќе од 600 милиони долари, додека нејзиниот хонорар изнесувал само 1.250 долари, што на крајот го зел нејзиниот сопруг.
Наводно ја принудувал и на проституција, а во една пригода, со пиштол ја присилил да спие со петмина мажи истовремено. Како што открила подоцна, истите методи ги користел и кога го снимала познатиот филм.
„Кога го гледате филмот ‘Длабоко грло’, всушност, гледате како ме силуваат. Криминал е што тој филм воопшто се прикажува, бидејќи цело време имав пиштол вперен во главата“, признала Линда своевремено.
„Не се срамам од своето минато, ниту тагувам поради него. Што и да мислат луѓето за мене, тоа не е реално. Кога ќе се погледнам во огледало, знам што сè имам преживеано“, раскажала Линда во едно интервју од 1997 година.
Кога конечно собрала храброст да го напушти Чак, во 1975 година се омажила за Лари Марчан. Тогаш се повлекла од порноиндустријата и му родила две деца. Сепак, ни овој брак на траел долго.
И покрај тоа што имала голема слава и што нејзиниот најпознат филм „Длабоко грло“ заработил големи пари, Линда умрела во сиромаштија. Здравствената состојба ненадејно ѝ се влошила кога по една незгода морала да прими трансфузија, по што се заразила со хепатитис Ц. Во 1987 година морала да направи трансплантација на црниот дроб.
Починала во сообраќајна несреќа во април 2002 година на 53 годишна возраст.