Професорката по историја која беше повредена во пукањето кое утринава се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар, во Белград, почина од повредите во Ургентниот центар, јави „Нова.рс“.
Таа била примена во болница заедно со уште тројца ученици, пренесе РТС.
Од тројцата ученици, еден е во операциона сала и неговата состојба е сериозна.
До пукањето дојде во 8.40 часот, кога ученик од седмо одделение вооружен со пиштол почнал да пука на обезбедувањето и на учениците.