Славниот британски водител Филип Шофилд во петокот даде отказ од емисијата, откако призна за „Дејли мејл“ дека лажел за „немудрата, но не и незаконска“ афера со многу помлад маж. Тој, исто така, се извини на својата сопруга Стефани Лоу, со која беше речиси 30 години, која застана покрај него откако тој излезе како хомосексуалец во 2020 година.
Откако минатата недела беше откриено дека познатата водителска двојка Филип Шофилд и Холи Вилоби повеќе не се во добри односи и, всушност, дури и не зборуваат надвор од сетот, сите нетрпеливо чекаа да видат каков ќе биде расплетот на драмата меѓу водечкиот пар. Со оглед на тоа дека станува збор за големо несогласување меѓу двајцата, иако не се знаеше точната причина, многумина очекуваа еден од нив да ја напушти својата позиција, но сепак беа изненадени кога Филип Шофилд на својот Инстаграм објави дека за него ова е последната емисија на „This Morning“ (Ова утро), чие заштитно лице беше цели две децении.
„Отсекогаш сум бил горд што покривам фасцинантни приказни во емисијата ‘Ова утро’. Но, неодамна ‘Ова утро’ стана самата приказна“, изјави Филип на социјалните мрежи по објавувањето на одлуката
Дуото ги забавуваше гледачите цели 13 години, а Холи наводно им дала ултиматум на продуцентите да одлучат дали го сака него или неа, бидејќи немало друг начин.
Првично, како причина за кавгата се наведуваше судењето на братот на Филип, Тимоти, за сексуална злоупотреба на деца. Тимоти е обвинет на 12 години затвор, а Филип тоа го чувал во тајност од својата колешка која дознала се од весниците, поради што наводно многу ја налутил и повредил. И покрај тоа, Филип по кратка пауза се врати во шоуто и истакна дека Холи му е голема поддршка на снимањето, но и во приватниот живот.
А потоа беа откриени нови детали.
Имено, водителот неколку дена по неговата оставка откри дека е во врска со многу помлад човек кој работел со него во емисијата „Ова утро“ и дека сето тоа се случувало додека тој се уште бил во брак со сопругата Стефани Лоу. Дури во 2020 година Филип јавно призна дека е хомосексуалец, а потоа Холи рече дека никогаш не била погорда на него.
Водителот исто така тврдеше дека никој од неговите претпоставени не знаел за оваа афера, но неговиот поранешен колега Имон Холмс се огласи на социјалните мрежи и ги обвини поранешните шефови дека знаеле се и никогаш не преземале ништо.
„Ја прифативме оставката на Филип и тој повеќе нема да се појавува на малите екрани“, се наведува во официјалното соопштение.