Раководителот на Ковид – центарот во Тетово, д-р Гзим Нуредини денеска соопштил дека вчера починал 62-годишен пациент кој бил заразен со Ковид-19 иако претходно примил две дози од вакцината на „Синофарм“.
Тој изјавил дека не сакаат со овој случај да ги уплашат другите лица кои имаат коморбидитети и ова да им послужи како изговор да не се вакцинираат.
-Овој случај е малку тешко да се објасни. Познато е дека вакцинираниот може да се инфицира и да биде позитивен и на брис и на клиничка слика. Во овој случај имавме пациент кој имал хронични бубрежни проблеми, хипертензија а воедно бил и позитивен на тест и сето тоа го правело како тежок пациент. Сепак ова не треба да се земе како правило дека секогаш ќе се случува и не треба да биде демотивираки момент за другите пациенти кои имаат по две или три хронични болести, изјавил Нуредини.
Според информациите, пациентот имал хронична бубрежна болест, кардиомиопатија и хипертензија.
Нуредини додаде дека имаат уште една пациентка на 37-годишна возраст која исто така била вакцинирана, и иако има и ендокринолошка болет, поради тоа што е позитивна на Ковид-19, е пратена е кај нив на лекување.
Уште вчера на социјалните мрежи, кружеше објава дека едно лице починало од коронавирус, иако било вакцинирано со две дози вакцина.
Comments are closed.