Во тајност се омажи најзгодната глумица од “Игра на престолите“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Глумицата Натали Дормер, која јавноста најдобро ја знае по улогата на Марџори Тајрел во серијата “Игра на престолите“ се венчала во тајност за актерот Дејвид Оукс по 4–годишна врска.

Се верува дека парот се венчал во текот на приватна церемонија, а извор близок до двајцата открил за медиумите дека Натали и Дејвид не сакале да прават голема помпа од својата венчавка.

„Сакаа да го споделат тој момент со одбрана група луѓе бидејќи се многу повлечени личности. Но, тоа беше прекрасна церемонија“, вели изворот.

Парот веќе има заедничко дете, девојче кое дојде на овој свет во јануари 2021 година, а Натали исто така ја криеше веста за бременоста сè додека бебето не се роди.

„Луѓето велат дека мајчинството во целост го менува животот и навистина е така. Не знам како сето тоа ќе влијае на актерството, сега е најважно да му се посветам на детето“, изјави Натали претходно.

Инаку, Дормер со својата убавина го привлече вниманието на фановите на „Game of Thrones“, а многу од нив ја нарекоа и најзгодна актерка во серијата.

Udala se jedna od najzgodnijih glumica iz Igre prijestolja

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com