Доколку сте го гледале филмот „Малена“, тогаш добро се сеќавате на сцената во која Моника Белучи оди по улица додека сите без здив гледаат во неа.
Нешто слично се случило вчера во Париз со манекенката Тина Кунаки, инаку новата сопруга на актерот Венсан Касел, поранешниот сопруг на италијанската филмска дива.
Тина Кунаки вчера била гостинка на ревијата на модната куќа „Schiaparelli“, одржана во рамките на париската Недела на модата на која била претставена haute couture колекцијата за есен/зима 2022/23.
Француската убавица пристигнала на настанот сама, а избрала да носи миди, црн фустан кој го придржувал ефектен златен ланец околу вратот.
Таа носела и црни влечки на висока потпетица, косата ѝ била врзана и имала плетенка, а на нејзината шминка доминиралo впечатливoто, црвено руменило.
Поради тоа не е ниту чудно што во моментот кога Тина доаѓала на ревијата, секој од присутните гледал во неа и ја фотографирал, па дури и оние кои случајно се нашле таму.