Откако го освои Австралијан опен, Новак Ѓоковиќ запеа на познатиот италијански музички фестивал „Сан Ремо“. Тој со сопругата Јелена беше специјален гостин на втората вечер на годинешното „Сан Ремо“ и во еден момент, кога започна песната на Ерос Рамацоти „Терра Промесса“, Новак излезе на сцената на театарот „Аристон“ и запеа.
„Многу сум среќен што сум тука, благодарам за поканата за оваа прекрасна манифестација“, рече Ѓоковиќ на италијански јазик.
По музичката програма првиот рекет на светот микрофонот го замени со рекет разменувајќи неколку удари со водителот Фиорело.
https://twitter.com/i/status/1225169057445486593