Најстарата српска актерка Бранка Веселиновиќ која наскоро ќе наполно 101 година, ограбена е во нејзиниот стан во Белград.
– Треба да му се заблагодарам на господ што на 101 година имаа дух кој не старее и што сум често опкружена со луѓе. Никој кај мене не доѓа поради мојата младост или старост, туку затоа што мојот дом е еден вид музеј. Во него имам околу 700 кукли. Дел од нив ги подарив на разни установи. Но сега, дел од нив ги украдоа, меѓу нив и “клучот на Нови Сад“ – рекла Бранка и додала дека грабежот го пријавила во полиција.
– Сега е се во нивни раце, па не би зборувала многу околу таа тема. Верувам дека надлежните органи ќе го решат случајот.
(фото: В. Шпорчиќ)