Бојан Јовановски, познат како Боки 13 вчера итно бил пренесен во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
Според болнички извори, Боки 13 имал силно воспаление на желудникот, поради што бил опериран.
По операцијата, доктор Арсенков за Фокус изјавил дека Јовановски бил примен како итен случај и по извршените испитувања веднаш бил упатен кон операциона сала. Во моментов тој е во стабилна состојба, додал директорот на болницата, најавувајќи повеќе информации во текот на денешниот ден.
И претходно, додека траеја судските рочишта за случајот „Рекет“, Боки 13 често се жалеше дека има сериозни здравствени проблеми. За овој случај Јовановски беше осуден на казна од девет години затвор.