Кога може да се организира Ракијада, Питијада или пак Тортијада, Србите се досетиле и во Деспотовац организирале Гробаријада, односно, годишен собир на приватните погребални компании.
На манифестацијата учествувале повеќе од 200 учесници меѓу кои каменорезци, производители на ковчези и на текстил, свеќари и превозници со погребални возила.
“ Ние не дојдовме тука да ги рекламираме своите производи, туку дојдовме да се провеселиме. Преку цела година сме сме сведоци на тажни и потресни сцени и затоа сакаме малку да се опуштиме“, изјавил еден од учесниците на Гробаријадата.
И така било. На главната вечер каде што се собрале сите учесници било како на свадба. Бела сала, розови декорации, музика, пеење, игра и торта во облик на погребален венец. Оваа година тортата и не била толку чудна ако се земе в предвид дека лани била чоколадна, во облик на погребален сандак кој бил прободен со глогов колец.