Од ова зимо во средните училишта ќе се диши чист воздух. Имено, Град Скопје набави повеќе од 500 прочистувачи за воздух наменети за 23 училишта.
„Повеќе од една третина од денот учениците поминуваат во училиштата и барем ние како град се грижиме за да може да имаат чист амбиентален воздух. Оваа инвестиција чини околу 11,5 милиони денари, обезбедени се дел од буџетот а дел од донации.“ – изјави градоначалникот Петре Шилегов.
Инаку, првиот прочистувач беше инсталиран во скопската гимназија „Орце Николов“. Останатите училишта ќе ги добијат прочистувачите до крајот на неделата.