Во Србија ќе се плаќа данок на бакшиш

by Тони Зографски

Во Србија најверојатно наскоро ќе се воведе данок на бакшиш што го добиваат келнерите во угостителските објекти. Ваквиот предлог до Министерството за финансии на Србија го испрати здружението на хотелијери и угостители “Хорес“. Тие предлагаат тој да биде 20 отсто, односно на 100 динари бакшиш, келнерот да може да задржи 80 динари.

Српските келнери се противат на предлогот.

“ Лична работа е дали гостинот ќе остави бакшиш или не. Тоа зависи дали е тој задоволен од услугата и затоа државата не смее да се меша во тоа“ изјави за РТС еден белградски келнер.

Инаку, во повеќе европски држави е воведена давачката данок на бакшиш. Во некој држави тој е обварзувачки, па тогаш освен данок на него се плаќаат и придонеси.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com