На автопатишатата во Србија набргу ќе се толерира ограничување од 150 километри на час – за Блиц потврди директорот на “Путеви Србије“ Зоран Дробњак.
-Остана само договорот со полицијата да се финишира, па на сите автопатишта во Србија ограничувањето на брзината да се помести на 150 километир на час, со што ќе се усогласиме со европските стандарди – објаснил Дробњак.
Инаку, повод за носење на ваквата одлука е отварањето на последната делница на источниот крак на Коридорот 10 кон Бугарија.