Во Србија уште 7 лица се позитивни на коронавирус, со што бројката на заразени се искачи на 12-ет заболени.
-Седум лица беа позитивни на коронавирус а 6 негативни, од тестираните 13-ет – се наведува во соопштението од Министерствтото за здравство на Србија.
Владата на Србија на седница одлучи да воведе привремена забрана за влез во Србија за странски државјани кои доаѓаат од области со интензивно присуство на коронавирус. Ова се однесува на лица кои престојувале во Италија, одредени провинции на Република Кина, Јужна Кореја, Иран и делови од Швајцарија.
Инаку, првиот заразен случај во Србија е регистриран на 6 март, а вирусот е пронајден кај маж од Бачка Топола, кој се има заразено во Италија и тој е сместен во Клиничкиот центар на Војводина.
Втор случај беше забележан во понеделникот попладне кај кинески државјанин кој живее и работи во Србија.