Македонската кошаркарска легенда, Благоја Георгиевски – Буштур, загина во сообраќајна несреќа, објави 24 инфо.
Според неофицијални информации, сообраќајната несреќа се случила во скопската населба Кисела Вода, поточно кај сервисот „Скендеровски“.
Дел од медиумите пишуваат дека, според нивни сознанија, тој возејќи изгубил контрола над возилото, најверојатно заради дождливиот коловоз, но и непрописната брзина. Тој излетал од патот и удрил во бетонските блокови поставени покрај булеварот.
Буштур беше еден од најпопуларните македонски кошаркари во историјата. Најголемите успеси ги оствари во дресот на Работнички.
Благоја Георгиевски, почина на 69 години. Тој работеше и како селектор на Македонија и тренер на МЗТ Скопје, како и претседател на стручниот совет на МКФ.