Младиот музичар Денис Демиров, попознат како дел од групата ,,Газоза бенд”, починал утринава, на свои 38 години.
Веста за неговата смрт ја потврдил и неговиот колега Џамбо Агушев, кој изјавил дека според првичните информации кои ги добил, Демиров починал дома, во сон. Имал проблеми со шеќерот и висок крвен притисок.
Инаку, Денис бил истакнат млад гитарист кој уживал создавајќи музика, а бројни негови колегите и пријатели во неверување се простуваат со музичарот.