Во Скопје кружи нова измамничка шема предупредува Синиша Тодоровски преку „Фејсбук“.
Генерално вака оди измамничката шема:
Извесен Драган од број 070/953 704, се претставува како одговорно лице во старечки дом “Тодоровски” во Сопиште. Доколку нешто продавате ви нарачува поголема количина и ве поканува во домот за да потпишете испратница за плаќање, да се види примерок од робата и сл. Кога ќе тргнете кон Сопиште повторно ви се јавува и љубезно ве замолува, ако не ви е проблем од кај шивачката да ги земете заштитните маски и да ги понесете нагоре. Маските ќе ви ги даде Александар, сопругот на шивачката. Се сретнувате со Александар и тој ви кажува дека не ги носи маските, ќе биле доставени директно во домот. И тука почнува шемата. Драган се јавува и ве замолува да му дадете 3.800 денари на Александар за маските кои ги нарачал, а тој ќе ви ги врати парите веднаш кога ќе се сретнете. И, кога ќе отидете во Сопиште, ќе ви соопштат дека таков човек не постои и дека сте можеби десетти кој дошол кај нив.
Овој лик е Александар, предупредува тој, споделувајќи и фотографија од еден од измамниците.
извор.: 24инфо.мк