Џенифер Лопез беше ѕвездата на црвениот килим на отворањето на 21-то издание на филмскиот фестивал Трибека во Њујорк, каде воедно и го промовираше нејзиниот документарен филм „Halftime”.
Во секси црна проѕирна тоалета со транспарентни исечоци, дизајн на Том Форд, 52-годишната Џеј Ло даде уште поатрактивна нота на првата вечер на етаблираниот филмски фестивал.
И додека сите зјапаа во неа без здив, Џеј Ло зрачеше со самодоверба. Таа им позираше на фотографите, иако се чинеше дека во секој момент ќе покаже премногу, бидејќи фустанот едвај и ги покриваше градите и делот под половината.
„Сѐ уште не сум го гледала финалниот проект. Нервозна сум, но и возбудена и не би го поромовирала филмот на ниту едно друго место, освен тука. Па еве сме”, изјавила Лопез пред премиерата на документарецот, кој инаку носи симболичен наслов што реферира на тоа дека таа вушност е и на половина пат во својата кариера и има уште многу пред себе.