Општина Сарај има 41 заразен од коронавирус. Ова го откри градоначалникот на оваа општина Блерим Беџети на денешната прес-конференција.
„До вчера имаше 39 случаи, денеска имаме уште двајца нови, вкупната бројка е 41. Заразените се од повеќе подрачја од општината“, рече Беџети.
Тој побара масовно тестирање во оваа општина за да се откријат сите случаи. Исто така апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.
Им порача да избегнуваат масовни и семејни собири.
Според него, само со 700 тестирања на ден можеме да дознаеме колку има заразени.