Невообичаена сцена е видена пред два дена на трамвајска станица во близина на Катедралата во Сараево.
Трудница, пред очи на многу граѓани во центарот на градот, се породила на оваа станица.
Благодарение на брзата реакција на брзата помош и граѓаните, породувањето е успешно, а бебето и мајката се во стабилна состојба.
-Случајно присуствував на прекрасен настан. Честитки за мајката која се породи на трамвајската станица пред неколку моменти, како и за персоналот на брзата помош за нивната грижа и ефикасност, – напишал еден од сведоците на настанот на Фејсбук.