Општо познато е дека вредните предмети не се оставаат на видно место во автомобилот. Тоа е магнетот кој силно ги привлекува крадците и тие нема да размислат двапати. И додека порано се предупредуваше да не се оставаат паричници, чанти и ранци на седиштата, денес тоа важи за речиси сите лични работи. Да не зборуваме за мобилни телефони и таблети, како некои други предмети како слушалки, преносни батерии, клучеви и слично секако можат да се класифицираат во таа група.
Експертите советуваат дека е добро да се провери задното седиште пред да се излезе од автомобилот и никогаш да не се оставаат прозорците отворени.
Видеото од Сан Франциско покажува колку арогантни се крадците денес. Лишени од секаков страв од полицијата и јавна осуда, тие буквално крстосуваат по улиците во потрага по улов. А тој улов е автомобил кој има нешто вредно на видно место. Ако автомобилот е отклучен, толку подобро, а ако не, тоа не е голема пречка. Набрзина ќе го скршат прозорецот и повторно ќе го земат она што планирале да го отуѓат.
Најновите податоци покажуваат дека Сан Франциско бележи драстичен пораст на кражби на автомобили. Месечно се евидентираат околу 1.500, а годинава над 10.000. А како изгледа сето тоа покажа еден учесник во сообраќајот кој решил да го следи „сомнителниот Lexus“.
„Почнав да ги следам, а на нив едноставно не им беше важно дали ќе ги следам или не“, изјави локалниот новинар. Провалите се толку чести што некои сопственици ги оставаат своите возила отклучени за да не мораат да ги заменат сопствените прозорци и капаци на багажникот. Исто така, често им оставаат пораки на провалниците со информација дека немаат вредни предмети во автомобилот.
Тоа е мала придобивка бидејќи според информациите од локалните работилници, има драстично зголемување на замената на стакло на автомобилите. Некои доаѓаат дури еднаш неделно, а некои се толку чести што ги имаат на брзо бирање на мобилните телефони.
Од полицијата велат дека се речиси немоќни. „Кога ќе ги уапсиме за кражба, проблемот е што тие брзо се ослободени, откако ќе признаат и веднаш се враќаат таму и го прават тоа повторно“, рече началникот Дин Престон, објави Њујорк пост. „Многу од нив имаат дури и нараквици за следење на глуждовите и сè уште не им е грижа.“
Оваа практика стана почеста за време на пандемијата, а како што стојат работите, сè уште не е пронајдено решение за враќање на безбедноста на улиците на американските градови, пишува Њујорк Пост.
These guys in Lexus bipped cars all over SF’s Fisherman’s Wharf, one by one. “I started following them, and they just didn’t care, obviously, that they were being followed or not, and it kept happening,” witness tells me. @SFPD @SFPDCentral pic.twitter.com/WzKacoRFGl
— Henry K. Lee (@henrykleeKTVU) August 16, 2023