Вчера доцна вечерта, после полноќ, во скопската населба Радишани, при вршење на рутинска контрола од страна на полициските службеници, на даден знак да запре, автомобил “мерцедес” почнал да бега, дознава 24 Инфо.
Полицијата почнала да ги брка, па “мерцедесот” се забил во бандера, а во нив се удрило и полициското возило во близина на полициската станица Чаир.
Повредени се неколку лица и истите се пренесени со возило на Брзата помош.
За денеска се најавени повеќе детали од настанот.
фото: 24 инфо