Според фотографиите што беа постирани на Фејсбук, во Полихроно за да се фати место пешкирите на плажа се местат од вечер,
Наводно, гужвите на плажата се толку големи и тешко се наоѓа место, па туристите се досетиле пешкирите и чадорите за сонце да ги постават од вечер.
Исто така се коментира, поради големата гужва на плажата и многуте лежалките човек треба да се потруди за да стигне до морето.
Инаку, Грците ги користат ваквите ситуации па цената на лежалките од осум ја покачиле на десет евра.