Во „Пандора документите“ има и сопственици на две фирми од Македонија

by Тони Зографски

Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ИЦИЈ) завчера ги објави
Пандора документите“, коишто содржат околу 12 милиони документи, кои откриваат дека
светски лидери, милијардери и јавни ѕвезди криеле милиони долари во офшор компании.

Според мапата на веб-страницата на ИЦИЈ, во документите има и две офшор-фирми на сопственици од Македонија.

Засега нема информација кои се тие сопственици, ниту кои се фирмите, а од ИЦИЈ најавија дека
документите ќе ги објавуваат постепено.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com