Родилката од Дебар Јлдз Веапоска на која и беа извадени бубрег, јајчник и матка, во „Студио 10“ изјави дека докторот Мухамед Асани и ја водел целата бременост и дека се било во ред. Асани и кажал дека и втората бременост ќе ја заврши со царски рез, како и првата.
„Сфатив дека нешто се случува со мене по 12 часа по операцијата кога имав големи болки, подуен стомак и докторите ми кажаа дека тоа е нормално зошто ми била втора бременост и така бев оставена 5 дена во болки и ниту еден доктор не ми направи ехо. Сакаа да ме испратам дома.“ рече Веапоска.
Таа истакна дека на не прифатила да оди дома, и била задржана во болница. Откако била отпуштена, а стомакот постојано и бил надуен и не се чувствувала добро. Во отпусното писмо не пишува дека се вадени органи. Докторот напишал дека се породила со женско дете, но не пишува ништо за органите. Вели дека во КАРИЛ дознала дека и се извадени органите.
-Јас и со првото дете бев кај него на прегледи таа беше одделена со посебен влез.Во ординацијата имаше се јас информацијата дека таа е дива и нелегална дознав од медиумите. Да знаев сигурно немаше да се прегледувам, – изјави Веапоска.