Исланд во последниве години привлекува сѐ повеќе туристи од целиот свет.Заситените дестинации и масовниот туризам ги тераат луѓето да ја истражат мистериозната земја на Викинзите во која огнот и мразот се најдобрите пријатели, да ги посетат плажите со црн песок, да се капат во Сината лагуна и да уживаат во мирот покрај Северното море.Локалната култура и гастрономијата имаат посебно место на туристичката мапа.

„Te og Kaffi?“Популарната кафетерија „Старбакс“ минатата недела била отворена на Исланд, па сега се наметнува прашањето зошто претходно не дошло до отворање на таков локал на Исланд?Една од причините е и тоа што жителите многу го ценат локалното искуство и автентичноста на производите. Веста сепак одекнала низ Рејкјавик, а како што вели Љупка имало многу метеж на отворањето на кафетеријата.
„Во Рејкјавик цената на кафе е речиси секаде иста. Најевтино е еспресото и чини 6 евра“, рекла таа.Интересно е тоа што цената на еспресото во „Старбакс“ е пониска за разлика од останатите локали и чини околу 5 евра.Цените на кафињата на Исланд се многу повисоки за разлика од Балканот, но таму просечната плата изнесува околу 4.500 евра.
Киријата и храната на Исланд се најголемиот трошок, но за сметките имаат едно олеснување.Исланд над 90 отсто од своите потреби ги раздолжува благодарение на геотермалните извори, па граѓаните плаќаат осум пати пониски сметки за греење во споредба со земјите на северот од Европа.
