Премиерката на Нов Зеланд им подари ран божиќен подарок на своите граѓани во форма на олеснување на ограничувањата за коронавирусот и воведување „систем на семафор“ што овозможува организирање оргии за максимум 25 лица.
Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн во интервју за локалната станица изјавила дека „системот на семафори“, кој почнува да се применува во земјата, ќе овозможи и најинтимни собири, пренесува „Lad bible“.
Премиерката потврди дека и на жителите на Окленд законски им е дозволено да учествуваат во оргии, по изолацијата поради коронавирусот.
Запрашан да објасни некои од „пофините“ детали за системот, Ардерн рече дека се е дозволено, од излегување до оргии.
Но, само ако во собата нема повеќе од 25 луѓе.
– Можам да потврдам дека врските на Тиндер се повторно отворени. Не е строго вклучено во „системот на семафори“, но, ух, до 25 луѓе се дозволени во црвено – рече таа низ смеа.
Нов Зеланд се префрли на таканаречениот систем на мерки за семафори, врз основа на тоа дали луѓето живеат во црвена, жолта или зелена област.
Овие мерки беа воведени по појавата на позаразниот омикрон сој на коронавирус, кога вакцините не делуваат колку што би сакале.
Оваа земја имаше некои од најстрогите 19 мерки во светот за време на пандемијата и продолжи со строги ограничувања на границата.
Адерн рече дека властите работат напорно за да спречат влез на омикрон сојот во земјата.
yeah, but did your PM go on national television to officially announce that *checks notes* orgies can resume? pic.twitter.com/cG4YyIvEZT
— Calliope Ryder (@callioperyder) December 10, 2021