Австралиската држава Викторија осум ден по ред е без нови случаи на зараза со коронавирус и без смртни случаи, па поради тоа се очекува враќање на нормалниот живот, без ограничувања.
Се очекува дека премиерот на Викторија Даниел Ендруз, утре ќе најави уште едно ублажување на мерките, вклучувајќи отстранување на таканаречениот “челичен прстен во Мелбурн”, каде движењето е ограничено во радиус од 25 километри.
На жителите на Мебурн ќе им биде дозволено патување по целата држава, а се очекува слободата на движење да се прошири кога границата со Нов Јужен Велс повторно ќе се отвори за жителите на Викторија на 23-ти ноември.
“Тоа ќе бидат големи чекори, ќе не приближат кон нормалата во однос на претходните шест или седум месеци, што е многу важно”, рекол Ендруз.
Во понеделникот ќе се обноват директните летови со Нов Зеланд, што по 30-ти јуни ќе биде првиот меѓународен лет за Мелбурн.
Најновиот бран на коронавирусот во Викторија резултирал со повеќе од 18.000 инфекции и 800 смртни случаи.