Мајк и Ло Тејлор беа сосема обичен брачен пар, се додека во нивниот живот не се појави Џес Вудсток. Пред скоро време, тие започнале врска, а сега очекуваат бебе.
“Се запознавме случајно. Јас и Ло секогаш сме биде отворени за секс во тројка, што се случи со Џес. Меѓутоа сфативме дека тука постои подлабока поврзност и дека сакаме повторно да ја видиме. Така започна се”- изјави Мајк.
“Работите во кревет станаа многу подобри, откако Џес е со нас. Многу повеќе можеш да видиш и да допреш. Не се гледаме како 2+1, туку како 3+0, во оваа врска сите сме еднакви.”- изјави Ло
По година дена врска, одлучија дека се подготвени за дете, а Ло остана бремена на почетокот оваа година. Џес сака да биде вклучена што е можно повеќе. Ќе ги синхронизира своите хормони со хормоните на Ло, за да може да произведува млеко, и да го дои детето.
„Џес секогаш ќе биде вклучена во одгледување на детето. Сакам таа да биде дел од детето, бидејќи ќе изгледа како Мајк и мене, но сакаме и нејзин ДНК. Многу мајки немаат прилика да се опуштат и да се одморат. Запознавме и друга тројка која има деца и навистина функционира одлично. Ова дете ќе има повеќе шанси од што мислите. Ние тројца едноставно не можеме да дочекаме да станеме родители“, рекла Ло.
Истакнале дека околината на почетокот не ги прифаќала, особено родителите и роднините, но сега тоа се променило.
„Секогаш зборуваа дека проблемите ќе настанат кога една од нас ќе остане бремена, но се случи токму спротивното. Поврзани сме повеќе од било кога“, заклучила Ло.