Момчето Ц.М. (14) од Македонија утрово беше каснато од змија во клисурата Јелашничка кај Ниш, така што на лицето му се појави оток. Тој реагираше брзо, така што лекарите му ја дадоа потребната терапија и сега е добро. Со полициски џип бил пренесен на Детската клиника, каде му била укажана помош.
– Малолетен пациент денес беше примен на Детската клиника со повреда од каснување од змија на лицето. Има оток на лицето, левиот образ кој е саниран. Доби антивиперинум и немаше компликации, добро реагираше – изјавија за „Курир.рс“ од Клиничкиот центар во Ниш.
Момчето Ц.М. беше дел од тимот од Македонија кај клисурата Јелашничка, каде по шести пат се одржа авантуристичка трка, организирана од општина Нишка Бања во соработка со Спортскиот клуб „Tribe“ од Белград.
Comments are closed.