На ревијата на костуми за капење на фестивалот Коачела, девојки носеа бикини од лепливи ленти, креација на кретарот од Мајами, Џоел Алварез. Многумина се прашуваа како е да ги носиш лентите на телото и што се случува кога треба да се одлепат.
– Можеби нема да ми верувате, но воопшто не болеше, – изјави манекенката Алексис Мичад.
https://www.instagram.com/p/BvrYR_EHjQ2/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Репортерката од Лондон, Дени Киркова го пробала костимот од ленти и вели дека се чувствувала како сирена.
– Беше потребно неколку часа бикинито да се направи. На плажата привлеков внимание, но набрзо сватив дека со вакво бикини не можете да одите во тоалет – открива Дени и додава:
– При секое движење се плашев некоја лента да не се одлепи, па движењето ми беше ограничено. За сликање бикинито може, за уживање на плажа не.