ВО НАРЕДНИВЕ ДВЕ НЕДЕЛИ: Нема да важи бесплатниот превоз за ученици, студенти и пензионери

by Тони Зографски

 Од четврток нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз, информира Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје

Времено, нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичарницата на Водно, стои во соопштението од ЈСП.

Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.

Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com