Наполи предводен од Гатузо синоќа го совлада Торино со 2-0, при што поранешниот играч од средниот ред на Милан го истакна своето задоволство по натпреварот.
“Ние се подобруваме, мора да продолжиме. Ми се допадна начинот на кој изгледаше тимот. Бевме компактни. Понекогаш има мрзеливост меѓу играчите, а тоа можеше да се види кога го примивме голот. Мораме секогаш да бидеме фокусирани. Подготвен сум да одам на врвот на планината за моите играчи. Тие мораат да тренираат како што велам, не како што велат другите. Исто така, ние мора да бидеме убави како Бред Пит во нападот, а исто толку навредливи и грди како мене во одбрана, истакна Гатузо.