Македонските граѓани се едни од најгневните луѓе во Европа, кај кои гневот и револтот на дневна основа се далеку над европскиот просек.
Ова го покажуваат резултатите во најновиот извештај на „Галуп глобал емоушнс репорт“, во кој се опфатени 122 земји во периодот на 2021-та и првата половина на 2022 година, во кој македонските граѓани со високи 26 отсто на акумулиран гнев на дневна основа се веднаш зад Турција, каде што гневот е изразен високи 48 отсто.
Речиси во цела Европа гневот на дневна основа е под 25 отсто, но во Македонија тој е над оваа граница и ја позиционира земјава како водечка во делот на гневно и револтирано население на дневна основа.
Како по обичај, најмалку гневни се Финците, потоа следуваат Естонците, а по нив Холанѓаните и Португалците.