Со легендарниот зелен фустан кој го насеше и на Греми наградите во 2000-та година, Џенифер Лопез беше главна фаца на ревијата на Донатела Версаче во рамките на модната недела во Милано.
50-годишната Џенифер го затвори шоуто со атрактивно дефиле на модната писта во легендарниот зелен фустан кој едвај и ги покриваше бујните гради, а потоа видеото од нејзиниот настап беше пренесено на сите социјални мрежи и светски медиуми.
Џенифер Лопез на пистата доби громогласни аплаузи, особено кога и се придружи и Донатела Версаче.
Коментарите по нејзиното појавување се однесуваат на нејзината неверојатна енергија и одличниот изглед.