Поради маж на околу 40-годишна возраст три жени во Кочани се испотепале меѓу себе. Овој „кочански Казанова“, кој бил причина за тепачка помеѓу жена на негови години неговата 25-годишна љубовница, бил главниот „играч“ во тој љубовен триаголник.
Извесен период, кочанскиот Казанова успешно ја контролирал ситуацијата, се додека старстите не зовреле, па младата љубовница, заедно со уште една своја другарка, својата постара и поискусна конкуренција не ја нападнале на сред улица.Започнале со навреди и кавга, а завршиле со клоцање, кубење и гребење. Жестоката пресметка се одвивала пред очите на љубовникот, кој дури и во овој случај не одбрал страна.
Случајот го потврдуваат и од полицијата, но оттаму се воздржани околку коментар за причините за тепачката.