Вакцината против COVID-19 во вид на спреј за нос е одобрена за клинички испитувања во Кина, објави Sinhua, повикувајќи се на Универзитетот во Хонг Конг (HKU)
Според агенцијата, тоа е прва вакцина против COVID-19 во форма на спреј за нос, која е одобрена од Државната управа за храна и лекови за клинички испитувања врз луѓе.
Претходно, компанијата „China National Biotech Group“ објави дека веќе има шест вакцини направени во Кина против COVID-19 кои во моментов се во фаза на клинички испитувања.